Основана во 2006 година, Технокс Доо е железара со традиција, искуство и доверба стекната преку речиси две децении успешно работење. Бои и лакови од реномирани производители, мешање на авто бои, авто лакови и авто китови, компјутерско нијансирање на сите видови на поликолори и фасадни бои, стиропор во сите дебелини, лепаци, глет маси, гипс картонски табли, профили, електро материјали, водоводни и канализациони цевки, шрафовска роба, материјали за заварување и сечење и брусење, пур пени, силикони како и широк спектар на производи за домаќинства и занаетчии. Нашата мисија е да обезбедиме врвен квалитет, конкурентни цени и професионална услуга за секој наш клиент – било да се работи за индивидуалци, мајстори или градежни компании. Со постојано проширување на асортиманот и следење на новитетите во индустријата, Технокс Доо претставува синоним за доверливост и квалитет во својата дејност. Посетете нè и уверете се зошто сме прв избор за многу задоволни клиенти низ годините.